ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО НАЈСТУДЕНО ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР

Утрово -4 степени во Берово, Битола, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, -2 Кавадарци, Штип, Гевгелија, Маврови Анови, Крушево, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Демир Капија, Велес, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид, Дојран, 1 Претор, Дебар.

Најмногу дожд 12 л/м2 наврнаа во Виница, Тетово, 10 Крива Паланка, Маврови Анови, 9 Битола, Куманово, Попова Шапка, 8 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 7 Скопје-Петровец, Штип, Крушево, 6 Демир Капија, Дебар, 5 Струмица, Кавадарци, 4 Велес, Охрид, Претор, Ѓуриште, Пожар, 3 Прилеп, 1 Дојран, Гевгелија.

До утрово до 7 часот висината на снежната покривка е 38 см во Маврови Анови, 20 Крушево, 12 Попова Шапка, 1 Ѓуриште.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините долж Повардарието ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Битола до 10 степени.