ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО -2 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА И СО МАГЛА

Утрово најстудено со -5 степени беше во Берово, -4 Прилеп, -3 Струмица, Виница, -2 Битола, -1 Тетово, Штип, Дебар, Лазарополе, 0 Куманово, Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, Крива Паланка, Претор, 2 Охрид, Демир Капија, Попова Шапка, 3 Крушево.

Во текот на ноќта, а и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 м. Во Охридското подрачје има зголемена ниска облачност.

Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени. Во Битола до 6 степени.