Средата од утриските часови сите патишта водеа кон Центарот за култура во Битола каде се одржуваше 29-то издание на детскиот музички фестивал Си-До.

Две претстави претпладне, една после пладне, а гала вечерта од 19:30 часот.

Вистинска музичка дружба со најмладите и новите ѕвездички на Си-До и зад сцената каде што се подготвува, но голема забава на сцената пред бројната публика која ја имаше на сите претстави.

Освен децата таму беа и возрасните оние кои со години се заштитен знак на овој фестивал. Маја и кловнот Заги.

В година ќе биде јубилејното 30-то издание на овој фестивал, а организаторот Дарко Шерденков најави изненадување за големиот јубилеј.

Оние кои не ги видоа и слушнаа на фестивалската сцена, ќе имаат можност во наредниот период на програмата на Тера телевизија да ја проследат снимката од овој 29-ти Си-До.


















