На неколку часа пред вечерашниот натпревар, атмосферата се вжештува и низ улиците на Порто. Македонските навивачи со големо нетрпение го очекуваат вечерашниот дуел за пласман на Македонија на Светското фудбалско првенство во Катар.
Нешто повеќе од 2000 навивачи од Македонија се очекуваат вечерва на трибините на стадионот „Драгао“.






























