Синоќа во Торино се одржа првото полуфинале на Евровизија, со 17 земји кои се бореа за влез во финалето в сабота.
Првите 10 финалисти се Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Пласман не обезбедија Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска, Австрија.
Македонија настапува 11-та во второто полуфинале, на 12 мај, заедно со Србија, Црна Гора, Австралија, Грузија, Кипар, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.
Кој ќе се квалификува за финалето одлучуваше комбинацијата на гласовите од публиката и националното жири.
Италија, Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција или „Големата петорка“, веќе имаат загарантирано место во финалето.


















