Овој викенд на патеката во Лагово крај Прилеп, еден од најдобрите мото-крос возачи во нашата историја, битолчанецот Христијан Илиовски доминираше со победа во првата трка од новата сезона на мото-крос македонскиот шампионат.
Во двете трки тој ги освои двете први места, во исклучително тешки услови на дожд и кал ја остави конкуренцијата позади себеси. Ова е одличен старт и подготовка за следната трка која го очекува во Романија.
MX1
- Христијан Илиоски
- Гоце Томовски Георгиевски
- Галип Аип Бајсан


















