ТЕРА

REKLAMA???

Цената на автобускиот превоз денеска на Комисијата за финансии

Денеска на седницата на комисијата за финансии расправа за поскапувањето на цената на автобускиот превоз. На седницата дојдоа и дел од превозниците во градот. Ги кажаа причините зашто бараат покачување на цената на автобуските билети.

„Пред скоро време се обративиме со барање до Општина Битола за поскапување на возните билети, бидејќи какао што знаете енормно се поскапени трошоците за одржување на тие линии, особено горивото кое во споредба со истиот период од минатата година е поскапено за 70 насто, меѓутоа исто така е поскапени се и резервните делови, маслото и гумите за 50% во споредба со истиот период од минатата година. Поради тие причини сметаме дека е оправдано  нашето барање и бараме да биде усвоено онака како го предложивме, односно нов тарифник со оптимално поскапување на цените од 20 до 50 насто“, рече Атанас Крстевски, претставник на превозниците коишто вршат општински линиски превоз на патници на територијата на Општина Битола .

Ја подржуваат иницијативата на градоначалникот и претседателката на Совет за бесплатен автобуски превоз во вторник и петок за пензионерите, но не оттапуваат од нивните барања

„Трпиме големи загуби, не само сега туку и во последните две години уште со почетокот на пандемијата. Повеќе финансиски не можиме да издржиме со овие цени и затоа го имаме ова барање. Во спротивно би дошло до сопирање на линсискиот превоз на сите лини коишто се одржуваат во Општина Битола“, рече Крстевски.

Советникот од ЛДП нема да го поддржи ваквото барање на превозниците, но затоа ќе предложат повеќе решенија .

„ЛДП нема да го подржи ваквиот тарифен систем и нема да гласа за поскапување на општинскиот линиски превоз на патници, бидејќи сметаме дека во овај момент тоа ќе значи директен удар врз џебовите на граѓаните, но тоа ќе значи и директен удар и врз училиштата односно нема да можат да ги исплаќаат превозот кон учениците и можеби ова е чекор нов кон заглавување и блокирање повторно на училиштата, бидејќи пари за овај начин на плаќање не се предвидени во буџетот на Општина Битола. Поскапувањето е следно: градскиот превоз ќе поскапи од 20 на 30 денари и во секоја во наредните зони ќе се зголеми за 15 денари плус. Значи оние што плаќале 35 денари сега ќе плаќаат 50 денари, оние што плаќале 45денари сега ќе плаќаат 60 денари, а се зголемуваат и месечните карти. При тоа бесплатниот превоз за пензионерите во вторник и петок е само обично прикривање на ова што се случува, поскапувањето.Сакаме  делот од поскапувањетѕо да се покрие од градскиот буџет, односно од буџетот на општина Битола. Пари имаме,односно во некој пробен период да видиме дали тоа може да функционира, па да чекаме понатамошно смирување на ситуацијата и намалување на цената на нафтените деривати. Во овај момент вака како што е за нас е неприфатливо “, рече Валенин Груевски, советник од ЛДП.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојковски рече дека имале неколку пати средби со превозниците на кои што барале покачување на цената на автобускиот билет.

„Првиот пат нивниот предлог беше одбиен, но паради енормното зголемување на цената на горивата кој што се случи изминатиот период не информираа дека повеќе нема да бидат во можност да го опслужуваат линискиот превоз и градот ќе остане без линиски превоз. Со тоа и превозот на учениците би се довел во прашање. После оние преговори коишто ги имавме се одлучи за поскапување на превозот, но условот беше пензионерите во вторник и петок да се возат бесплатно. Исто така ќе ги обврзиме превозниците да се направи осовременување на линискиот превоз со поставување на џи-пи-ес уреди, монитори на сите автобуски станици, со цел граѓаните да бидат навремено  информирани кога и за колку време ќе пристигне автобусот, а со тоа навистина да се зголеми атрактивноста на јавниот превоз. Кога беше донесен тарифниот модел за утврдување на цената на превозот тогашната цена на дизел горивото со сегашната цена на дизел горивото е покачена за 50% и со тоа се гледа и економската оправданост за она што го бараат превозниците, бидејќи доколку не дојде до зголемување на цената градот ќе остане без линиски превоз. Одлуката не е трајна, доколку дојде до намалување на цената на горивата ние како Совет ќе стоиме на располагање да се направи измена, односно намалување на цената на линискиот превоз“ рече советникот Бојан Бојкоски.

На утрешната седница на Совет битолските советници ќе одлучат дали ќе има покачување на цената на автобускиот билет.