ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ – СЕ ГЛЕДАШЕ БУЏЕТОТ НЕ СЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ФК ПЕЛИСТЕР

Советниците вчера ја одржуваа 4та седница. Бројни точки кои се однесуваат на комплетниот живот на општината: финансиски планови и програми за работата на јавните претлријатија, буџетот и сите клучни програми за работа на сите општински сектори – образовани, урбанизам, култура, социјала. Завршија доцна во ноќта. Во продолжение дел од почетокот на седницата.

Бројни прекини и потсетувања на Деловникот и Статутот на Советот на општина Битола се карактеристика на четвртата седница на Советот на општината на која има 87 точки на дневен ред.

Дневниот ред претрпе неколку измени – советниците од ПОИНАКУ и СДСМ излегоа со бројни предлози за активности за кои би требало да се планираат парите од граѓаните.

На 4-та седница на Советот на Општина Битола се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој го претстави буџетот за 2026 година и проектите. 50,5 милиони евра е тежок буџетот на градот, од нив околу 26,8 милиони евра се основниот – буџетот за плати на оштинарите, градоначалникот и советниците.

Во бројните измени кои беа прифатени, добар дел од предложените измени и не станаа дел од дневниот ред на оваа седница , советниците се согласија со предлогот денеска да не се дискутира за „согласност и овластување за потпишување на прелиминарен преддоговор за стратешко/инвестициско партнерсво на ФК Пелистер АД Битола. Оттука, денеска советниците и јавноста не го слушна ставот на навивачката група Чкембари кои не се согласуваат со прифаќање на досега единствениот предлог за  купување на фудбалскиот клуб кој, според одредени гласини има и долгови.

До затворањето на вестите на ТЕРА вчера, оваа седница не беше завршена.

 

Погледнете го прилогот подолу што ве води до официјалната страница на YouTube  во кој има инсерт од обраќањето на градоначалникот за Буџетот  и дел од предлозите на некои од советниците.