ТЕРА

REKLAMA???

„ЧКЕМБАРИТЕ“ И „КОМИТИТЕ“ НАВИВАА ВО ДЕРБИТО, ГОСТИТЕ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА

Две навивачки групи повторно го одбележаа големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, овој пат со поголем влог. Вардарци победија среде Битола (23-26) и направија исчекор кон титулата, а на трибините беше спектакуларно.

Во салата „Боро Чурлевски“ немаше место игла каде да падне. „Чкембари“ ја исполнија трибината, а присутни беа и „Комитите“. Навивачка фешта траеше цели шеесет минути, па дербито беше вистинско, за душа. Постоеја провокации, пароли, скандирањa и инцидент на полицијата со гостинските навивачи.