ТЕРА

REKLAMA???

„ЧКЕМБАРИТЕ“ ПО 16 ГОДИНИ ЌЕ ГО БОДРАТ КК ПЕЛИСТЕР НА ГОСТУВАЊЕ

МЗТ Скопје и Пелистер попладнево го играат првиот од двата суперлигашки дерби-дуели кои ќе одлучат која од овие две екипи како прворангирана ќе влезе во плеј-офот.

Битолчани влегуваат со една победа повеќе во однос на „металците“ во овој натпревар, а згора на тоа на трибините во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја имаат поддршката од навивачката група „Чкембари“, која ќе допатува од Битола за дербито во скопски аеродром.

„Проектот КК Пелистер ја обедини кошаркарска Битола! Она што го најави новата управа, на чело со тренерот Илиевски спортскиот директор Јовановски добива потврда. КК Пелистер и навивачката група „Чкембари“ се обединети и првпат поддршката екипата ќе ја има на гостување“, се вели во соопштението на клубот.

Првите два натпревари оваа сезона меѓу овие два клуба во шампионатот им припаднаа на битолчани.