Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ќе учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор за руската делегација и дека некои западни земји веќе побарале да се сретнат со него, пишува МИА.
Шефот на руската дипломатија рече дека Македонија го поканила да присуствува на Состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ од 30 ноември до 1 декември.
-Очигледно Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме, изјави Лавров.
Во меѓувреме, портапаролот на Европската комисија Петер Стано изјавил дека патувањето на Лавров во Скопје не би претставувало кршење на европските санкции против Русија.
Последната дилема – дали на состанокот ќе учествува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, е резрешена откако официјална Софија даде дозвола за прелет на Специјалната водухопловна единица „Русија“ преку нејзиниот воздушен простор.












