ТЕРА

REKLAMA???

ШТО ОЧЕКУВААТ БИТОЛЧАНИ ВО НОВАТА ГОДИНА

Завршувањето на календарската година често не значи крај на активностите или специфичните животни настани кои не окружуваат. За многумина ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари е само менување на ноќта во ден , иако за светот тоа подразбира дека се променила годината.

Ова е време кога започнува испраќањето на желбите за својот личен напредок, промени за подобро.

Нашето окружување не е неважно. Прашавме што посакуваат за градот.

И следната година ќе биде исполнета со рпедизвици, тоа е сигурно, а за да кон крајот на следната нема разочарувања од себе и другите, потребна е и добра анализа на претходната. А тоа вообичаено започнува со прашањето – што најмногу ќе паметите од претходната година?

Советот на сите кои се занимаваат со совети, насоки за подобар живот е пред да се почне најлудата ноќ на преминот на една во друга година  да се направи фокусирана размисла – што функционирало лани – што не, што треба да се усогласи во нашите животи.

Оттука, освен здравје, хармонија, љубов и пари, треба да се посака и усогласена година.  За да не биде после – и оваа година помина, како што помина.