ТЕРА

REKLAMA???

ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ, БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Како што најавија претходно вработените од двата синдикати на подружницата на Македонска пошта во Битола денеска стапија во генерален штрајк. Штрајкот го почнаа точно во 8 часот со барање за линерано покачување на нето платите во износ од 3000 денари.

 „ Наша задача како претставници на двата синдикати е да укажиме на лошата финансиска состојба која што моментално е во поштата години наназад. Ние моментално во оваа ситуација го допревме дното. Стравуваме за нашите работни места, стравуваме општо за опстанокот на поштата. Бараме покачување од 3000 денари, за да го ублажиме ударот од онај ценовен шок кој што ни се случува во државата“, рече Игор Петковски, претседател на Синдикатот на Македонска пошта Битола.  

Работата беше во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенските услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно членот 49 од Законот за поштенски услуги.

„За време на штрајк поштата не можи да запре целосно со работа, туку треба да се доставуваат одредени пратки кои се по протокол и закон предвидени за достава, а тоа се пратките за судски писма, пратките препорачани и останати пратки кои се уредени во тој член“, рече Петковски.

На прес-конференцијата во Скопје на која беа и членовите на Управниот одбор, со кои утрово Синдикатот започнал интензивни преговори, претседателот на Синдикатот на Пошти Боро Велигденов рече дека  веќе има предлог од нивна страна кој треба да го разгледаат уште денеска со одборите на синдикалните организации.

„Тука се членовите на Управниот одбор со кои ќе имаме состанок, а нивниот предлог е прво линеарно зголемување на платите на технолошкиот процес од 1 јуни, а со оглед на финансиските можности на компанијата за останатите вработени во администрацијата зголемувањето да биде од 1 август, што би се исплатило во септември. Со тоа, денеска со Синдикалните одбори, штом ја добиеме понудата од Управниот одбор ќе разговарами и ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата од УО штрајкот ќе биде прекинат“, рече Велигденов.

Директорот на Македонска пошта, Јани Макрадули, појасни дека и за денешниот ден, вработените кои ,иако штрајкуваат, ќе добијат 100 отсто дневница, затоа што законски мора да примаат испорачуваат пратки кои се препорачани, судски и други видови пратки. 

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија рече дека со раководството на Македонска пошта договориле да изработат и нов колективен договор, со цел вработените кои не доаѓаат на работа, да се спречи да земаат плата. 

„Ќе се потрудиме да нема работници кои не идат на работа, а земаат плата на штета на останатите работници, а да трпиме критики како не сме продуктивни. Инаку, барањето од 3.000 денари е прифатливо, дијалогот значи компромис, односно да важи тоа од 1 јули за технолошките работници, како општи работници, поштари, шалтеркси работници, но не ги изоставаме и административните службеници кои се на ракоовдни функции и за нив ова покачување од 3.000 денари би важело од 1 август, да се исплати на 1 септември“,  рече Дарко Димовски претседател на ССМ.

Во АД Македонски пошти има околу 2.100 вработени.