ТЕРА

REKLAMA???

ШУМСКА ПЕЧУРКА РАСТЕ НА ДРВО ОД СЛИВА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Ова е печурката Laetiporus sulphureus, позната како Шумска кокошка (или жолтапрашка / жолт трудовец).  Во нејзините осмновни карактеристики се вброени јарко жолтата до портокалова боја, и вентилаториски слоеви кои растат во грозд директно од стеблото на дрвото. И иако изгледа како дрвото само да си направило вентилаторче, сепак ситуацијата по здравјето на ова дрво е значајно сериозна. Раскриеленава убавица е паразит! Или, летипорус сулфуреус асте како паразит или сапрофит на широколисни дрвја (најчесто даб, врба, костен, касија/акација).  Кога е млада, сочна и мека (како на сликите), се смета за добра јадлива печурка со текстура и вкус кои потсетуваат на пилешко месо. Но , важно е нејзината убавина да не ве привлекува да ја каснете без потврда во живо од искусен миколог. Затоа што се работи за диво израстена и може да предизвика дигестивни проблеми, а може и да апсорбира токсични материи. Сериозноста на појавата на оваа убавица насреде градот, или појавата на шумската кокошка (Laetiporus sulphureus) на дрво од слива (и други овошки) е директно поврзана со неколку конкретни климатски и временски услови: Влажност и топол период (Време на плодоносење) Најчесто се појавува од доцна пролет до рана есен (од мај/јуни до октомври). За да избие плодното тело на површината на кората, потребна е комбинација од висока влажност на воздухот и почвата (по чести и обилни дождови) проследена со топло време. Појавата обично следува по период на стрес за дрвото. На пример, по сушни периоди кога имунитетот на сливата е ослабен, или по невреме со силен ветар/град што направило кршење на гранки и механички рани. Или. Појавата на оваа печурка на овошно дрво во урбана средина стручњаците ја поврзуваат со сè поизразените климатски флуктуации:  наглите промени на временските услови, честите смени на сушни периоди со ненадејни обилни врнежи и високите летни температури. Ваквите временски осцилации создаваат идеален микроклиматски шок што го поттикнува скроениот мицелиум во внатрешноста на стеблото забрзано да развие вакви раскошни плодни тела. Иако за ботаничарите ова е јасен знак за метаболичката реакција на дрвјата под влијание на климатските промени, за минувачите останува редок и впечатлив визуелен феномен.