ТЕРА

REKLAMA???

“ШУМСКИ ФЕНЕРИ”-СИМБОЛ НА ПЕЛИСТЕРСКО НОВОГОДИШНО

Новогодишните декорации во хотелите имаат за цел да го изразат празничниот момент на претсојните празници, а хотелот „шумски фенери“ го збогатува и со дводневен базар. Се одржа на 16 и 17 декември, ние го посетивме синоќа.

Хотелот „Шумски фенери“ повторно оваа година го организираше новогодишниот базар. Но тоа што е водилка на сопствениците на хотелот не е базарот, туку мислата за ширење на доброто расположение за новогодишните празници. Љубица Мушуланова Ристевска е сопственичка и вели секоја година многу месеци пред новогодишните празници се планира изгледот на дворот и декорацијата во ресторанот.

Еланот, ентузијасмот што го манифестираат се пренесува врз сите што го посетуваат базарот, но и секој што барем и на кафе ќе го посети ресторанот и дворот на Хотелот. Тие пак, ај што од август купуваат украси, туку за да се намести целосно елката ангажираат и механизација – ѕвездата мора да биде  на местото кадешто е определено, највисоко, на врвот.

Годинава и Дедо Мраз ја паркирал својата санка тука и се забавуваше овде. До следната година, ве оставаме со прекрасните снимки што ги направивме синоќа,  во прилог на оваа објава, а ве води до официјалниот канал на YouTube на ТЕРА.