ТЕРА

REKLAMA???

ЃОКОВИЌ ДОНЕСЕ ЗЛАТО ЗА СРБИЈА И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ КОЈ МУ НЕДОСТИГАШЕ

Новак Ѓоковиќ на 37-годишна возраст успеа да го оствари тоа што на ниту еден тенисер не му успеало во историјата на спортот.

Во финалето на Олимпискиот турнир во Париз го совлада помладиот ривал Карлос Алкараз со 2:0 (7-6, 7-6) и го освои единствениот голем трофеј кој му недостасуваше.

Со тоа ги има освоено сите 14 големи турнири најмалку по еднаш (Олимпијада, Гренд слем и Мастерс 1000 турнири ) во кариерата.

Олимпиското злато му беше единствениот трофеј кој му недостасуваше, а со неговото злато Србија на Олимпијадата во Париз досега има две медали и тоа златни.