ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ДО МЕЏИТЛИЈА

Денеска во Битола се одржа Јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина на Проектот „Изградба на државен пат А3,делница Битола-Меџитлија“.Со проектот се предвидува изградба на нов експресен пат Битола-граничен премин Меџитлија со вкупна должина од околу 22,15 км. Надлежен орган за одобрување на проектот е Министерството за животна средина,а инвеститор на проектот е ЈП за Државни патишта.

„Проектот е од јавен интерес и е дел од државната патна мрежа,насловен како А3, меѓутоа оваа делница е исклучително значајна и важна затоа што е дел и од Европскиот коридор 10 Д којшто е врска со коридорот 10 низ Вардарската долина, понатаму гранката 10 Д кон Пелагониската котлина и се поврзува кон Р.Грција“, рече Јоже Јовановски, раководител на Одделението за заштита на животна средина и социјални аспекти при ЈП за Државни патишта.

На јавната расправа присутни беа и проектантите од Градежниот институт „Македонија“ и експерти од животната средина. Студијата е изработена врз база на посети на терен,на искуствата и на база на основите кои што ги дава Законот за животна средина.

„Разгледувани се 12 варјанти, од аспект на тоа како ќе влијае врз животната средина, од економски и социјален аспект, од сообраќаен аспект и од аспект на важноста на патот со поврзување со Коридорот 10 Д, какао и ваше сообраќајно вмрежување со меѓународната сообраќајна мрежа“, рече експертот Љупчо Аврамовски.

Проектот е во финална фаза, после презентацијата на Студијата присутните имаа можност да дадат забелешки и сугестии со цел истиот да се финализира, а ЈП за Државни патишта и Владата да отпочне постапка за изнаоѓање на средства за изградба на овај патен правец.