ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВНОСТА БАРА ОДГОВОРИ ЗА ВОВЧЕТО „МЕЧО“

Вовчето „Мечо“ со кое стопанисува Јавното комунално претпријатие „Паркинзи“ и овојпат е дел од Зимската приказна која од 20 декември до Божикните празници се одржува во Битола.

И годинава како и лани, на вовчето „Мечо“ стои залепена реклама на компанијата Бимилк.

Јавноста со право прашува со кого Бимилк додека се одржува Зимската приказна го потпиша договорот за брендирањето на „Мечо“ и дали договорот е потпишан со правен субјект или со физичко лице?

Неодговорено останува и прашањето колку изнесува износот за спонзорирањето и брендирањето на „Мечо“ со реклама од компанијата.

 

Оттаму, наместо конкретен одговор на нашите прашања со кого компанијата го потпиша договорот за брендирање на „Мечо“  и колкав е износот за неговото брендирање и рекламирање, велат дека како компанија што со години е присутна во Битола и оваа година останувале доследни да бидат поддршка на заедницата и дел од позитивните приказни во градот.

Тера телевизија во интерес на објективното и професионално информирање, а земајќи го предвид фактот дека Општината Битола се декларира како една од најтранспарентните општини во државата од Јавното претпријатие „Паркинзи“ побара одговор на следните прашања:

По кој Ценовник е извршено брендирањето и рекламирањето на Бимилк на вовчето „Мечо“, ако се земе предвид изјавата на Михајловски дадена на прес-конференцијата за Зимската приказна дека е постигнат договор за тоа со оваа битолска компанија.

Воедно се поставува и прашањето врз основа на која одлука на Советот на Општина Битола е направено брендирањето од страна на Бимилк и доколку истиот вид на соработка се случувал и во претходните две години по кој Ценовник се работело во овие два наврати, по која Одлука на Советот на Општина Битола е реализирана соработката и кој го потпишал договорот за  тоа, Јавното претпријатие „Паркинзи“ или пак Општина Битола?

Јавноста со право бара одговор на прашањето што стои во таа Одлука на Советот на Општина Битола, бидејќи станува збор за документ од јавен интерес.

Директорот на ЈП „Паркинзи“ Зоран Михајловски писмено ни одговори дека  „Мечо“ е вистинско надополнување на содржинскиот концепт на „Зимска приказна“ и овозможува простор за претставување на општествената одговорност, но, тој не даде конкретен  одговор на нашите прашања.

Извесно е  единствено дека вовчето Мечо за најмалите во Битола кое е ставено во функција за Зимската приказна, нема да вози за време на врнежливите денови.