Битолчанката Ангела Јанкуловска, која играше за ракометната репрезентација на Македонија следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата. Таа ќе биде дел од чешкиот шампионат каде ќе ги брани боите на Славија Прага.
Јанкуловска која во кариерата настапуваше и за Куманово и Пелистер последните три сезони ги помина во редовите на Ѓорче Петров каде се наметна како една од најдобрите во тимот давајќи значаен придонес кон освојувањето на двојната круна на домашно тло изминатата сезона, а го предводеше тимот и до четвртфиналето од Европскиот куп.


















