Женска новинарска екипа и над 10 милиони прегледи за само еден месец. Вака изгледа следењето на содржините на Тера телевизија во последните 28 дена.
Само еден месец беше доволен бројката да порасне од 3 на над 10 милиони прегледи. Само вчера, 3 февруари, на нашите содржини беа регистрирани 1.172.924 прегледи. Импознатни бројки во само еден ден. Ова се официјални статистики кои ги мери социјалната мрежа Фејсбук.
Овие бројки се показател дека публиката препознава дека во нашиот фокус се граѓаните и дека во Битола, се повеќе, информацијата се бара и се наоѓа на ТЕРА.
Почитувани гледачи ви благодариме.
Овие бројки се заеднички, наши и ваши, бројки кои сведочат за нашата и вашата желба за поубава Битола.
10 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 28 ДЕНА ОСТВАРИЈА СОДРЖИНИТЕ НА ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА


















