ТЕРА

REKLAMA???

100 ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА ЌЕ ПОМАГААТ ВО СЛОВЕНИЈА

Владата на Македонија донесе одлука за испраќање на припадници на АРМ за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата, кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од 30 дена за учество во давање помош на Република Словенија.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски вчера ги посетија припадниците на Армијата кои се подготвуваат да заминат во Словенија како поддршка на словенечките сили во справувањето со последиците по големите поплави кои ја зафатија оваа сојузничка земја. 

При посетата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец , министерката Петровска им се обрати на припадниците на Армијата.

-Словенија е еден од нашите најблиски сојузници и тие денеска имаат потреба од вас, вашата посветеност , вашата професионалност. Со вашата подготвеност да заминете веднаш покажувате дека сте вистински зштитник не само на македонските граѓани, туку и на граѓаните на сите сојузнички држави. Ви благодарам што како и многупати досега и овојпат го прифаќате предизвикот тргнувате мотивирани и волни да му помогнете на словенечкиот народ. Северна Македонија и Словенија се пријателски држави и во тоа име правиме се што е во наша моќ да помогнеме. Мило ми е што после вчерашното барање одма одговоривме позитивно. Дајте се од себе исто како што и нашите пријатели од Словенија ни помогнаа за време на пожарите. Пожртвувано и силно помогнете на секој словенечки граѓанин, порача министерката.

Началникот на Генерал-штабот, Васко Ѓурчиновски информира дека во касарната пристигнале за да извршат увид во нивната подготвеност за претстојната хуманитарна мисија, која ќе почне да се реализира во, како што напомена, наредните часови.

-Словенија е наш искрен поддржувач и долгорочен пријател од самите почетоци на нашата независност до денес, многупати досега ја покажаа големата хуманост, пожртвуваност и пријателство кон нас. Ние имаме историска обврска и можност на соодветен начин во овој момент да возвратиме на пријателскиот и словенечки народ, рече Ѓурчиновски.