Денеска 12 август, Светски ден на младите, а по тој повод Институтот за јавно здравје објави извештај за здравствената состојба и заштита на младите во Македонија за 2021 година.
Дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина се остварува
во 30 места пунктови, кои сите се во град.
Во оваа дејност работат 65 лекари и 83 здравствени работници со виша и
средна стручна подготовка. При тоа не е постигнат задоволителен стандард
на обезбеденост со лекари на оваа групација од населението и тоа 1 лекар на
4609 деца од 7-19 години просечно за Републиката.
Не задоволува и соодносот на лекарите и здравствените работници со виша и
средна стручна подготовка кој изнесува 1:1.4
Вкупниот обем на превентивни здравствени услуги и активности извршени
во 2021 година бележат намалување за 13.5 индексни поени во однос на
2020г.

Вкупниот обем на остварени куративни здравствени услуги и активности
извршени во 2021 година бележат пораст од 14.8 индексни поени во однос
на 2020г. Зголемен е бројот на посети во ординација кај лекар за 15
индексни поени во 2021 во однос на 2020г. Зголемен е бројот на посети кај
здравствени работници за 14.9 индексни поени во 2021 во однос на 2020г.
Но намален е бројот на посети кај психолог и логопед за 30.9 индексни поени
во 2021 во однос на 2020г.

Во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина во 2021
година регистрирани се вкупно 535009 заболувања што е за 26.2% повеќе во
однос на претходната година (423873-2020г.)
Во структурата на поедините групи на болести, респираторните се
повторно на првото ранг место со учество од 37,2% во вкупниот број и
стапка на морбидитет од 4500,3%оо.
На второ место се болести на кожа и поткожно ткиво со 5.3% учество и
стапка од 638.7%оо; на третото место се одредени инфективни и
паразитарни болести со учество од 4,8% и стапка од 589.5%оо; на четвртото
место се болести на дигестивниот систем со учество од 4.2% и стапка од
506.5%оо; на петтото место се болести на око и аднекси со учество од 2,7%
и стапка од 330.2%оо и. т. н.

Во 2021 година регистрирани се вкупно 105 умрени лица на возраст од 5-24
години и стапка од 21.8%оо.
Дистрибуцијата по возраст покажува дека младите луѓе од 15-24 годишна
возраст се најзастапени во вкупниот морталитет на оваа популација и тоа со
68,6% учество и стапка од 28,4%оо.
Дистрибуцијата по пол покажува дека машките деца се повеќе застапени во
морталитетот во однос на женските.
Препораки:
- подигање на свеста на младите преку програми за здравствена едукација на сите
нивоа со цел укажување на значењето за сопственото здравје и севкупната
благосостојба; - активно учество во имплементација на здравствените програми со цел примена на
знаењата стекнати со здравствена едукација за здрави животни стилови; - подигање на свеста на младите за ризикот кој постои кај нивното здравје со цел
намалување на ризичното однесување. - Младите и здравствено – економска криза предизвикана од болеста
Ковид-19
Здравствено – економската криза предизвикана од болеста Ковид-19 има соодветни
реперкусии врз македонското општество, дел од кои допрва ќе стануваат видливи. Во
оваа криза се погодени многу граѓани и ризични групи.
Иако младите како категорија не се најризична група на заболени, тие се многу
загрозени од општествените и економските импликации од кризата. Со оглед на тоа
што станува збор за граѓани со клучна улога за одржливоста на општеството и
неговата иднина, мора да се преземат мерки за заштита на младите и намалување на
негативните последици врз нив.
Оваа возрасна категорија сочинува околу една четвртина од вкупното население.
Пандемијата и мерките за заштита од ширење на болеста имаат голем ефект врз
младите.
Учениците и студентите беа првите кои го променија својот начин на живот со
затворањето на образовните институции, во импровизираните онлајн училници кои и
покрај најдобрите намери е нејасно колку се ефективни. Постојат млади без пристап
до интернет и технологија чии родители не можат да им помагаат во учењето, и се под
ризик уште повеќе да заостанат зад своите врсници. Отворените прашања како
полагањето матура, уписите на факултет или почетокот на новата година создаваат
голема неизвесност, особено кај младите кои треба да преминат од еден во друг
степен на образование.
Од друга страна, вознемиреноста на возрасните и притисокот да се биде постојано
во рамки на семејниот систем направи дополнително негативно влијае врз
менталното здравје на младите.
Најчести симптоми на нарушено ментално здравје кај младите се искуствата на:
анксиозност, депресија, панично и фобично расположение, самоповредување и
суицидалност, соочување со загуба, криза на идентитет, поместена агресија, зависно
однесување меѓу кое интернет зависност, домашно насилство, насилство во врска,
неактивност и пасивизација, негрижа за себе, ниска самодоверба, безнадежност
и очај, силна психосоматизација, негативна слика за себе, силна фрустрација и
ниска толеранција.
Овие ефекти може да се дел од нова симптоматологија на дисфункционално
однесување причинета од хроничната и принудна изолација, но и засилување на веќе
постоечки симптоми активирани под притисокот да се справуваат со изолација каде се
враќаат во фокус личните и системските проблеми што биле умешно контролирани
или игнорирани.


















