Американски инвестиции во вредност од вкупно 150 милијарди фунти беа објавени за време на втората државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.
Околу 7.600 „висококвалитетни“ работни места ќе бидат создадени во Обединетото Кралство како резултат на приливот на пари од големите американски компании, соопшти британската влада.
Британскиот премиер Кир Стармер го поздрави објавувањето на инвестициите, кое дојде еден ден пред тој да се сретне со Трамп.
Во меѓувреме, за време на средбата со Трамп во замокот Виндзор синоќа, британскиот крал Чарлс Трети го пофали американскиот претседател за неговата „лична посветеност“ во обидот да се стави крај на конфликтите низ целиот свет.
МИА