Жителите и гостите во битолско Ротино имаат мноогу студен викенд. Од вчера во 15.00часот, досега кога се јавија во ТЕРА немаат струја. Од вчера, прашале во ЕВН им кажале дека екипи работат на терен , ама во селото никој не се појавил – ни возило на ЕВН ниту екипа.

Одговорот го добиле преку електронската пошта, па сега се сомневаат дека се работи за автоматски одговор на електронскиот маил.
Нашиот соговорник Златко денеска на телефон ни објасна дека проблемот не е од сега, туку дека се провлекува со години. „Двапати дневно снемва струја, па пак иди“ вели, ама толку долго и тоа сега за Нова година не се случило. Има сопственици на куќи кои ги нудат за сместување на гости. Овој викенд има од Скопје, од Прилеп. И граѓаните кои за викенд доаѓаат редовно, сега си заминаа. Нашиот соговорник Златко вели дека две семејства од гостите кои биле со деца си заминале по поминатата исклучително студена ноќ. Откако децата играле цел ден, неможеле да се затоплат, па на патот кон дома претходно побарале и совет од лекар.

Дека има прекин со напојувањето со електрична енергија во овој дел од битолската општина потврдува и информацијата на Електродистрибуција. (види слика). ТЕРА не успеа да направи телефонски контакт за прецизни информации што е проблемот во овие два дена.
Проблемот е уште посериозен затоа што жителите на ова село се возрасни. Скоро сите се преку 70 години, а има и неколкумина деведесетгодишници, вели Златко. Прекините на напојувањето со електрична енергија ги имале и на 31 декември, на Нова година, но не траел толку долго како сега. Овојпат пријавиле и во Центарот за управување со кризи. Засега состојбата е непроменета.
Од ротинчани дознаваме дека вчерашниот прекин за Цапарци траел кусо и дека тие сега имаат струја.
Инаку, сппоред информацијата ( сликата ) на Електродистрибуција, прекинот на снабдувањето со електрична енергија го имале и жителите на Брадин Дол, Доленци, Кажани, Маловиште, Ореово, Српци и Ѓавато.


















