ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА СЕ ВОЗЕШЕ 62-ТА КРИТИЧНА МАСА

Под мотото „За 8 години – 0 вело инфраструктура“, денеска во Битола се возеше 62-та по ред Критична маса на граѓанската иницијатива „Битола на точак“.

Првата критична маса се одржа во мај 2014 години. И по 8 години, градот не само што се соочува со истиот проблем туку почнува немилосрдно да се бори со наглото зголемување на бројот на возила, што создава дополнителен загушлив сообраќаен метеж, а граѓаните кои сакат да бидат активни и да се движат на алтернативните начини, да бидат фрлени во оган заедно со тешкашите на коловозот, велат од Битола на точак.

„Бараме конечно Битола да почне да инвестира во алтернативна инфраструктура, а не парите од општинскиот буџет да одат во поттикнување во моторизиран сообраќај што ни има донесено 30.000 моторни возила во градот. Она што очекуваме е намалување на потребата за коли, а не зголемување на местата за паркинг простор и сметаме дека за град со пречник од 4 км, докажано е дека за под 5 км пешачењето и велосипедскиот превоз е најбрз. Додека Европа инвестира последните две години интензивно во пешачката и велоинфраструктурата, Битола не го искористи периодот за зајакнување на одржливоста како град. Сметаме дека доцниме многу години со инвестирање во велоинфраструктура, па затоа сакаме да ја поттикнеме општината за да преземе акција. Очекуваме да се почне со работа на терен, а не само со сообраќајни студии и проекти, изјави Виктор Илиев од „Битола на точак“.

На денешната Критична маса возеше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска и советници од битолскиот Совет од советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и Поинаку.