Утрово -3 Попова Шапка, -1 Берово, 0 Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, 1 Тетово, 2 Охрид, 2 Битола, Скопје-Зајчев Рид, 3 Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Виница, Куманово, 4 Штип, Кавадарци, Велес, 6 Демир Капија, Струмица, 7 Дојран, 8 Гевгелија.
Во текот на ноќта од запад се прошири наоблачување и температурите се покачија за неколку степени во однос на вечерните часови. Дуваше слаб претежно југозападен ветер. Утринава е претежно облачно со претежно јужен ветер.
Времето денска умерено до значително облачно со слаб локален дожд, од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Битола до 12 степени.












