Вчера на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани биле 26 возачи, од кои 5 санкции на територија на Ресен, 9 на територија на Битола, 3 во Прилеп, 2 во Демир Хисар, 6 во Македонски брод и 1 во Крушево.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од битолската полиција.













