Битола беше домаќин на одбележувањето на три децениското постоење на Заедницата на Срби.
Јубилејот го одбележаа Србите кои живеат во Битола, но и нивни гости од земјата и од странство. Ова беше момент да се потсетат на почетоците, па до каде стигнале.
Историските датуми кои се од големо значење за српската заедница во Македонија редовно се одбележуваат со што се чуваат културата и традицијата.
Велат дека јубилејот е повод да се потсетат и на делата на основачите. Најголем дел од нив веќе не се меѓу живите, но програмата направена уште во почетокот на формирањето на заедницата се применува до ден денес.
30 ГОДИНИ ЗАЕДНИЦА НА СРБИ – БИТОЛА



















