Фризерското студио Кармен ексклузив е место, каде сите се чувствуваат како дома, а заминуваат среќни со она што го гледаат во огледалото. Креираат насмевки и негуваат убави луѓе, во една беспрекорна и пријатна атмосфера, момент кој прави да се почувствувате среќни од вашиот одраз во огледало. Оваа приказна започна во далечната 1992 година со слоганот “За влакно пред другите” и стана не само желба, туку и вистина која трае три децении.
Па така „Кармен ексклузив“ го прослави својот голем јубилеј, 30 години од своето постоење. Сопственикот Димче Ивановски вели дека тајната за успехот е само работа, треба и талент, но и многу работа, многу одрекувања од приватниот живот.

На прославата со многубројните пријатели, соработници и клиенти Ивановски истакна „Без вас, немаше да бидеме она што сме денес“. Долгогодишните клиенти во Кармен, во таа убава атмосфера се чувствуваат како дел од тоа семејство, па каде и да се низ светот секогаш се враќаат на доза насмевки и позитивна енергија средувајќи го својот изглед.

Ивановски е и претседател на Македонската фризерска асоцијација, кои повеќе години го организираат фестивалот на мода убавина и фризура “HAIR FAIR“, на кој земаат учество најпознати фризери стилисти, натпреварувачи и фризерски клубови од Балканскиот регион и пошироко од Европа. Тој неодамна доби посебна плакета, благодарница за долгогодишното залагање за напредокот на фризерската дејност во Европа .
Честит јубилеј Кармен Ексклузив.


















