ТЕРА

REKLAMA???

34 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ КОИ УПРАВУВАЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Битолската полиција соопшти дека секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 меркa за возење под дејство на алкохол и тоа (15 на подрачјето на Битола, 11 на подрачјето на Ресен, 3 Македонски Брод, по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар.
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.