Песната ПАРАХОДОТ е вториот сингл кој го најавува јубилејниот концерт ” 40 години Горан Таневски” и воедно најава за албумот што следи, насловен како “MORE”. Како гости на песната ПАРАХОДОТ е истата екипа како и на “40 Години Девојка од Бронза”. Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара (Троја) , Тодор Стефанов – бас (Троја), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како гости на концертот ќе се појават : Перо Стефановски ( Санаториум), Александар Стефановски ( Conspiracy) и Грдана Котевска.
Концертот ќе се оддржи на 20 12 2025 год. во МКЦ- Скопје со почеток од 20:30.


















