ТЕРА

REKLAMA???

41 ГОДИНА ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО САРАЕВО

Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина изминатите денови во Олимпискиот музеј органиизраше прославата на 41-годишнината од Зимските олимписки игри Сараево 1984 година.

По тој повод беше промовирана книгата „40. годишнина од Олимписките игри во Сараево“, која ги прикажува клучните моменти од прославата на 40-годишнината и преглед на олимпиското наследство преку фотографии.

Настанот вклучи и панел дискусија на тема „Олимписката иднина и обновувањето на олимписките арени“

Претседателот на ОК на БИХ, академик Изет Раџо, рече дека во нашето општество, како во 84-та, потребна е храброст за да се реализираат големи проекти.

Предраг Пухариќ, градоначалникот на Сараево, истакна дека 75 отсто од олимписките арени се уништени, а Градот Сараево работи на проекти за репарација на уништените олимписки арени.

Градот Сараево веќе минатата година започна со реализација на проектот за реновирање на патеката за боб кај Требевиќ.

Овој настан ја истакнува посветеноста на Сараево кон олимписките идеали и напорите за зачувување и подобрување на олимпиското наследство за идните генерации. Градот Сараево продолжува да се залага за одржлив развој и промоција на олимписките вредности, беше речено на прославата.

Зимските олимписки игри се одржаа од 8 до 19 февруари 1984 година. На нив учествуваа 49 земји со 1437 спортисти во 39 дисциплини и 1254 тренери и менаџери. По нив следеа 7.825 акредитирани новинари и технички персонал од 760 редакции и 67 ТВ станици. Пријавени беа 696.000 гледачи и 10.450 волонтери, кои дадоа се што можеа за Сараево да изгледа како од бајките и Олимписките игри да бидат најдобро организирани во историјата на Зимските олимписки игри.

„Вучко“ беше името на официјалната маскота на овие олимписки игри.

Изборот на маскота на игрите бил објавен во дневните весници, а читателите биле замолени да одберат една од шесте маскоти, кои биле предложени. Победник била маскотата „Вучко“, којашто всушност претставува мал волк, а чиј дизајнер бил словенечкиот цртач Јоже Тробец.