ТЕРА

REKLAMA???

45 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ЃУРО ИЛИЌ

Битола е она што е поради луѓето кои живеат во неа. За нив се кажувањата и легендите, а тоа се пренесува од генерација на генерација градејќи еден мит за нашата Битола.Но, кога имате жива легенда помеѓу вас, тогаш стварноста станува мит. Ѓуро Илиќ, Учителот на учителите, човекот кој спортот го претвори во живот, хуманист и најважно човек кој обединува генерации и личности, пример на генерации млади, во Свечената сала на Офицерскиот дом преку изложба го одбележа 45. годишниот јубилеј од својата спортска и општествена кариера.

На почетокот на отворањето на изложбата за Илиќ зборуваа спортскиот новинар на Тера, Зоран Мишевски, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски, близок пријател на Илиќ.

Промоторот на изложбата беше проф. д-р Златко Жоглев, редовен професор на Педагошкиот факултет и носител на црн појас во карате, а изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Илиќ на обраќањето на присутните ја пренесе мислата на Џигоро Кано, која била водилка во неговиот развој: „Не е важно да си подобар од некој друг, туку да се биде подобар од вчера“.

Илиќ е и автор на околу 30-тина  публикации, книги, образовни видео и DVD изданија и списанија од областа на боречките вештини и спортови. На изложбата на 20 паноа беше претставено целокупното творештво на Ѓуро Илиќ, а испечатена по тој повод е и брошура која ја добија сите присутни. Изложбата е по повод 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.