ТЕРА

REKLAMA???

496 КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА 31 МЕСТО ВО ИДНИОТ СОВЕТ НА БИТОЛА

За место во Советот на Општина Битола битка одлучиле да водат 16 советнички листи или вкуно 496 кандидати, ако се има предвид дека бројот на места во советот е 31, по толку лица на секоја листа.

Ова се листите кои ги објави Државната изборна комисија, а кои беа поднесени во Општинската изборна комисија во Битола.

Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдоцна на 20 септември 2025 година.