Во источна Шпанија, најмалку 51 лице загина во поплави предизвикани од обилни дождови во регионот Валенсија. Локалните власти потврдуваат дека дождот, кој паѓал во вторник, довел до потопување на улиците и градовите. Регионот е ставен под црвена алармна фаза, а жителите се советуваат да останат дома.
Снимки на социјалните мрежи покажуваат луѓе заглавени во поплавените подрачја, некои од нив се искачувале на дрва за да избегнат да бидат однесени од водата. Регионалниот лидер, Карлос Мазон, истакна дека некои луѓе остануваат изолирани на недостапни локации.

Радио и ТВ станици добија стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, бидејќи службите за итни случаи не можеа да стигнат до сите погодени локации.
Над 1.000 војници од единиците за одговор на вонредни ситуации на Шпанија беа распоредени во опустошените области.
Државната метеоролошка агенција AEMET објави црвен аларм за Валенсија, а некои области забележале дури 200 мм дожд.
Поради поплавите, откажани се возовите за Мадрид и Барселона, а училиштата и други клучни услуги се суспендирани во најпогодените области. Во регионот е активирана и воената единица УМЕ за спасување. Научниците предупредуваат дека екстремните временски услови во регионот стануваат се почести поради климатските промени, при што загревањето на Медитеранот игра клучна улога во интензивирањето на обилните дождови.


















