Повозрасна жена од Битола била измамена со 20.000 евра преку добро познатата шема со лажен несреќен случај, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, вчера (03.12.2025) во 10:19 часот, 70-годишна битолчанка пријавила во СВР Битола дека била доведена во заблуда од непознато лице, кое ѝ се јавило телефонски и ѝ соопштило дека нејзината ќерка паднала по скали и се здобила со тешки повреди – скршена вилица и нога.
Лицето ѝ рекло дека итно се потребни „златни шипки“ за да и’ бидат ставени, поради што жената под притисок и страв ги оставила парите на однапред определено место. Подоцна, кога стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека целата приказна е измама.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
70 ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА ИЗМАМЕНА ЗА СУМА ОД 20.000 ЕВРА


















