Претпладнево во 11:36 часот регистриран е уште еден земјотрес кај Битола со јачина од 2,3 степени според рихтеровата скала. Оваа информација е според Европско-меддитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот беше на 11 км западно од Битола и на длабочина од 8 км.
Ова денеска е втор потрес од истото епицентрално подрачје кај Цапари во подножјето на Баба Планина.
Утрово сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес 106 км јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 15 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.8 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.













