ЕСМ соопшти дека се вршат последните подготовки на терен пред пуштањето во процес на производство на новата 10-мегаватна фотонапонска електрана Осломеј.

Увид во активностите денеска извршија заменик-генералниот директор на АД ЕСМ, Имер Зенку и директорот за развој и инвестиции, Благој Гајдарџиски, кои на лице место беа информирани за завршните активности и за првичните податоци за перформансите на електраната.

Електраната се наоѓа во пробен период и наскоро ќе биде вклучена во електроенергетскиот систем.

Ова е прва сончева електрана во целосна државна сопственост, односно во сопственост на АД ЕСМ.
Во моментот во тек е реализација на фотонапонска електрана од 100 MW со јавно-приватно партнерство, исто така на локации на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј, информираат од ЕСМ.













