ТЕРА

REKLAMA???

58 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

На 27.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 58 возачи, од кои 7 на територија на Ресен, 11 на територија на Битола, 32 санкции на територија на Прилеп, 3 на територија на  Македонски Брод и 5 санкции во Демир Хисар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.