Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски објави фотографии од зградата на Општина Битола, обоена во боите на македонското знаме, како поддршка за македонската репрезентација пред утрешниот натпревар во Португалија.

„Фудбалската репрезентација на Република Македонија е наша голема гордост. После историската победа против Европскиот првак Италија, навиваме за нашите шампиони и им посакуваме пласман на Светското првенство во Катар.
Битола е со македонската фудбалска репрезентација. Од вечерва во знак на нивна поддршка зградата на Општина Битола, свети во боите на македонското знаме. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!! напиша градоначалникот Коњановски.














