По обновата на патот за Хераклеја, реновирање на музејската поставка во археолошкиот локалитет, како и овозможување пристапност за лицата со посеби потреби, до театарот и видиковецот во Хераклеја, повеќе-јазичен аудио водич и виртуелна и проширена реалност за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, и потрошените 400.000 евра, Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, продолжува со вложувањата во Битола, велат од битолската ЛДП.
Нови 800.000 евра за обнова на ПАЦИОТО во музејот и обнова на поранешниот ресторан ПАРК, истакнуваат од ЛДП.

Вчера беа презентирани резултатите од Smart-Cul-Tour, проект кој годинава е претставен во Брисел како најуспешен проект во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Репубика Северна Македонија и Република Албанија, 2014-2020. Вкупниот буџет на проектот кој се спроведува во рок од 24 месеци, изнесува 704,590 Евра, од кои 85% се ко-финансирани од страна на ЕУ, додека останатите 15% ги обезбедува Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за локална самоуправа.














