Министерството за внатрешни работи соопшти дека на денеска во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 48 годишен битолчанец.
Според соопштението на МВР, тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.













