ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ за кражбата во медицинското училиште во Битола

По информацијата на МВР за приведено лице од Битола, кое било фатено при кражба на 260 литри нафта, прес конференција одржа Лидија Павловска советник од ВМРО ДПМНЕ.

„СДС, преку своите партиски војници продолжува со деструктивно однесување во институциите со кои раководат нивни кадри, за жал повторно на штета на најмладите – учениците и воспитно – образовниот процес.

Во услови кога има големо покачување на цената на нафтата и значително зголемени трошоци на финансиски средства од општината со цел обезбедување на топли училници и нормални услови за работа во училиштата до крајот на грејната сезона, токму во овој дел дознаваме дека се прават кражби и груби злоупотреби.

На веб страната на Министерството за внатрешни работи, во денешниот билтен стои дека:

На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Ја прашуваме директорката на Средното медицинско училиште, Наташа Илиева, дали станува збор за лице вработено во училиштето, истакнат партиски активист на СДС? Дали во досегашниот период имало и други случаи на ваква злоупотреба во училиштето?

Го повикуваме Министерството за образование и наука, да се произнесе во врска со конкретниот случај.

Ја повикуваме Директорката на државниот испитен центар, поранешен заменик министер за образование Елизабета Наумовска, да даде објаснување во врска со ваквите случувања во училиште со кое раководи кадар на СДС и да одговори дали на овој начин функционираа училиштата во изминатиот четиригодишен период?

ВМРО ДПМНЕ остро го осудува денешниот настан и повикува на преземање на сите соодветни мерки од страна на надлежните институции, со цел спречување на понатамошни злоупотреби на парите на граѓаните и тоа на директна штета на учениците“ вели Павловска.