По вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ за случајот со кражба на нафта од медицинското уцилиште, денеска со реакција се огласи и директорката на медицинското училиште Наташа Илиева.
„По вчерашниот прес на советничката Лидија Павловска, на кој што бев директно повикана, чувствувам обврска да реагирам на истиот. Во врска со кражбата која се случи во нашето училиште, јас како директор ги презедов сите потребни мерки предвидени со закон, без разлика на тоа од која партија доаѓа лицето кое извршило кражба. Затоа сметам дека е сосема непотребно да се посочуваат партии и да се става политичка нота на случајот, бидејќи јас не штитам никого, а најмалку некој кој згрешил пред законот. Во досегашното работење се залагам чесно и транспарентно да одговорам на сите задачи, а особено внимавам во односот кон вработените. За мене се тоа колеги и не ги делам на припадници на партии, што во многу наврати се потврдило“ вели директорката на СОУ „ Д-р Јован Калаузи“.













