ТЕРА

REKLAMA???

Денеска бесплатно на последниот ден од ски-сезоната кај Нижеполе

Денешниот ден е последен од оваа ски-сезона во Ски-центарот Нижеполе. По 70 дена завршува зимската дружба на овие терени.

„Имавме прекрасни моменти, снег во големи количини, беспрекорно подготвени ски – патеки, се надеваме дека ви ја пруживме целата наша љубезност од сите вработени во ски – центарот. Се трудевме да бидеме секогаш тука за вас кога тоа беше потребно. Со еден збор имавме прекрасна ски – сезона“ велат од ски-центарот.

Сезоната ја започнаа промотивно со гратис користење на ски – лифтовите.  Затоа и денеска  ЈП,,Стрежево”, како претпријатие кое секогаш сака да помага и во спортот, посебно во скијањето, одлучи оваа сезона симболично да ја затворат со гратис скијање.

Денеска ски – лифтовите ќе работат до 15.00 часот.