ТЕРА

REKLAMA???

Пелистер ги декласира Ангели и останува суверен лидер во Првата лига

КК Пелистер – КК Ангели 76-58

Лидерот на табелата, битолски Пелистер лесно излезе на крај со „фенерџијата“ во лигата. А многу работи станаа јасни по првата одиграна четвртина која битолчани ја решија во своја корист (32-6). Една четвртина, и тоа онаа уводната, им беше потребна на кошаркарите на Пелистер да ги постават работите на своето место во дуелот со последнопласираната екипа на табелата – Ангели.

Како фурија делуваа „зелено-белите“ во првиот квартал од овој натпревар. Реализираа дури 32 поени кошаркарите на Пелистер, од друга страна примија само шест. И по заслуга на одбраната се стекнаа со огромна предност, која на истекот на првото полувреме беше слична на онаа од првата четвртина, (47-25). И сите играчи во домашниот тим, на кои стручниот штаб им даде соодветна минутажа во првите 20.минути, со исклучок на Најдовски и Трајковски, го пронајдоа патот до кошот на екипата од Драчево.

Второто полувреме беше многу порамноправно. Домашните кошаркари како да се задоволија со убедливата предност, па рутинерски ги одработија оние втори 20 минути. Доволно за да ја задржат предноста од една победа повеќе (18-2) во однос на МЗТ Скопје Аеродом (16-3) за лидерското место на табелата.
Најефикасен играч на натпреварот беше Дејвид Хотон со 18 поени, додека Стојан Ѓуроски уфрли 15. Кај Ангели пак, со 14 се истакна Наумоски, додека двоцифрени беа уште Милков и Деолски.