По денешната прес конференција на советникот од СДСМ, Методија Илиевски каде тој зборува и за тоа дека имало пари во општината за субвенционирање на превозот, но дека тие се трошеле за партиски вработувања, мебе, луксузи… , реагираше претседателката на Советот, Габриела Илиевска.
„Кажете му на Менде од СДСМ дека како Претседател на Совет немам ни денар потрошено за репрезентација и не користам дневници. Од луксуз ја имам само неговата секојдневна опседнатост со мене. Фала. П.с Не му успеа спино со мостот, место да интервенира сега пак ги лажи битолчани. Ама нека е жив и здрав“ напиша на својот Фејзбук профил, Илиевска.














