ТЕРА

REKLAMA???

Хелсиншкиот комитет бара итна истрага

Хелсиншкиот комитет бара итно да се истражи и санкционира, како што стои во соопштението, полициската бруталност врз навивач на навивачката група „Чкембари“ за настанот кој се случи по завршувањето на ракометниот натпревар во Скопје.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници бараат од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети. Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција по допрен глас да оформи предмет со цел водење на кривична постапка против инволвираните полициски службеници и утврдување на нивна кривична одговорност за настанот“ стои во соопштението.