ТЕРА

REKLAMA???

Илиевска и министерството за транспорт во преписки за мостот

Уште една реакција на Министерството за транспорт и врски за претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, откако таа на својот Фејзбук профил вчера се огласи околу добивањето на согласноста за мостот кај Безистенот.

Илиевска напиша:

„Фала му на Министерството за транспорт и врски за зеленото светло за мостот во Битола! Притисокот кој го направивме беше во име на Битола и битолчани. Секогаш за Битола!“ стои во објавата на Илиевска.

Вчера попладне пристигна и реакција од министерството за транспорт и врски во која се вели:

„Несериозно и неодговорно е однесувањето на Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска. Ниту Претседателката како избрано лице од граѓаните, ниту било кој друг, не може да врши политички или друг притисок врз работењето на Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски работи исклучиво по Закон и процедури согласно своите надлежности. Ја упатуваме  Претседателката на Советот на општина Битола  сите прашања за нерешените проблеми со општинските проекти во Битола да ги упати во општината за да ги добие потребните информации за некомплетната документација за изградба на посочениот мост.  Министертвото за транспорт и врски е транспаретна и отворена институција која работи исклучиво по Закон и во служба на граѓаните и локалните самоуправи“ стои во соопштението.