По вчерашното „Кажете му на Менде“, денеска контрареакција „Кажете и на Габи“. Помина седницата на Советот каде се спротивствуваат мислењата, а секогаш има големи политички кавги.
Потоа се случи прес конференција на која советникот од СДСМ, Методија Илиевски зборувашe и за како што рече луксузите и на претседателката на Советот, на што реагираше Илиевска.
Денеска советникот Илиевски на својот профил на социјалната мрежа „Фејзбук“ ќе напише:
„Кажете и на Габи од Поинаку дека ја има втората функција по тежина во градот и дека треба да работи, а не да се замара со мене. П.С. И да сакам немам време да се замарам со неа. Ама нека е здравa и жива“ пишува Илиевски.













